Што би се случило ако се отворат вратите на авионот, за време на летот?

Дали некогаш сте се запрашале што би се случило кога вашиот најлош кошмар може да се претвори во реалност?

Наспроти тоа што декомпресијата е исклучително опасна и може да резултира со смртоносен исход, вратите на авионот, во текот на летот, за среќа не можат да се отворат.

„Разликата помеѓу притисокот во кабината и надворешниот притисок чини самото отворање на вратата да биде невозможно, барем кога се работи за човечка сила, наведува за британски „Телеграф“ , Патрик Смит, пилот и автор на книгата „Cockpit Confidential”.

„Замислете ја вратата на авионот како чеп, кој со стегањето го турка притисокот во кабината. Речиси сите  врати во авионите се отвораат кон внатре, а на височина од околу 3.000 метри, што е просечна височина на летање, притисокот кој што вратата ја турка кон надворешноста изнесува околу 0.5 килограми по квадратен сантиметар, а тоа значи дека за целата површина на вратата би бил потребен притисок од 2 до 3 тони – објаснува Смит.

Но, што е со пониските височини, на кои што кабинскиот притисок е значајно помал?

„Притисокот од 0.1 килограм по квадратен сантиметар е и понатаму многу повисок од она што било кој човек би можел да го постигне, дури и ако човекот одеднаш испие неколку шолји кафе и доживее налет на адреналин, каков што ни се случува кога сме изложени на смртна опасност – вели Смит.

Тој додава и дека тоа не е се – вратите се дополнително обезбедени со посебен вид на брави.

„Освен тоа, вратите се дополнително обезбедени со механички и електронски брави, така што би ви била потребна хидраулична дигалка за да ги отворите, а безбедносната контрола не дозволува внесување на истите во авион – заклучува Смит.

 
 
14.12.2015 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега