ФОТО: Ова е „Црната вдовица“ поради која се распадна Земунскиот клан

Медиумите во Србија ја нарекуваат Ана „црната вдовица на Земунскиот клан“, а ја опишуваат како занесна бринета поради која што долгогодишните криминални ортаци се испотепале меѓусебно, па поради тоа и пропаднал најозлогласениот клан во Србија.

Ана Симиќ (36) од Белград  е вдовица на српскиот мафијаш Цветко Симиќ, чие обезглавено тело беше пронајдено во 2010 година во езерото Јарун во Хрватска.

За убиството на нејзиниот сопруг Ана јавно го обвини Сретко Калиниќ, со кого што била во љубовна врска, а на судењето низ солзи побара од него да каже каде е нејзиниот маж, на што тој возврати: „Па не го убив јас!“.

crna-vdovica1

Инаку Сретко Калиниќ е еден од најозлогласените криминалци и убијци на земунскиот клан, кој беше фатен во Хрватска, откако беше ранет од страна на неговиот дотогашен другар и ортак, Милош Симовиќ.

Токму Милош Симовиќ, кој неколку дена откако пукаше во Калиниќ беше уапсен во Белград, на судењето призна дека неговиот поранешен ортак го убил сопругот на Ана Симиќ поради љубомора.

zemunski-klan

-Самиот Калиниќ ми кажа дека го убил Симиќ при една прошетка така што му испукал куршум во главата, а потоа го фрлил неговото тело во езерото Јарун, за Симиќ да се води како исчезнат, а самиот тој да остане со неговата сопруга. Тој беше патолошки вљубен во Ана! Тие беа во тајна врска и само за неа зборуваше. Го сакаше сето она што го имаше Симиќ, неговиот живот, неговата жена, па дури сакаше и да има и деца со неа, објасни за време на судењето обвинетиот Милош Симовиќ.

crna-vdovica.jpg2

Токму пронаоѓањето на телото на сопругот на Ана во езерото Јарун беше пресвртна точка во обидите на Интерпол да ги лоцираат и да ги фатат избегнатите шефови на Земунскиот клан.

 
 
14.12.2015 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега