Трајановски: Она што беше сон на многу генерации од Кисела Вода ние го реализиравме

Во 2009 година ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалник на Скопје. Она што беше сон на многу генерации од општина Кисела Вода, ние уште во првиот мандат почнавме да го остваруваме, рече градоначалникот на Град Скопје на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кисела Вода.

Тој посочи дека благодарение на довербата која наназад општина Кисела Вода и жителите ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ биле реализирани бројни проекти во оваа општина.

Во изминатиов период беше направен булеварот„ Борис Трајковски“, една општина ако нема булевар со 4 ленти не е општина. Прв пат доби булевар од рампата Кисела вода па се до Стаклара во првата фаза. Покрај тоа во изминатиот мандат се направи и булеварот „Србија“ , од булеварот Јане Сандански се до Усје, а најважно од се беше што се реши клучката меѓу булеварот Борис Трајковски и булеварот „ Србија“ кај Усје. Граѓаните имаа многу проблеми за да можат да ја поминат таа раскрсница. Тоа е веќе минато бидејќи успеавме да го направиме благодарение на поддршката на Владата на Р. Македонија, премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески, истакна Трајановски.

Додаде дека во првиот мандат биле направени и улицата„ Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, реконструкција на дел од „Христо Татарчев“.

Во областа на јавниот превоз пуштена е линијата од Драчево до Железара, линијата од Драчево преку општина Гази Баба до индустриските зони и линијата 41 до државната болница.

-Во областа на водоводот Градот Скопје реконструираше водоводи преку јавното претпријатие некаде во вредност од околу 1 милион евра. Нема да застанеме овде, вечера бевме сведоци на почетокот на градежните работи на булеварот „Србија“ трета фаза , од Стаклара па се до Пинтија чија што вредност е 3,7 милиони евра средства обезбедени од Светската бакна со поддршка на Министерството на финансии и премиерот Груевски. Изградбата на овие булевари не е само за да можат луѓето полесно да се возат, туку да донесат и многу инвестиции, да се зголеми вредноста на имотот. Со ова што го градиме во Кисела Вода очекуваме да се зголемат инвестициите во Кисела Вода, истакна Трајановски.

Тој најави дека во 2016 година ќе биде направена улицата „Народен фронт“, која што ќе биде целосно реконструирана и ќе добие модерен изглед. Во 2016 година ќе бидат готови „Народен фронт“, „Борис Трајковски“, булевар „Србија“.

 
 
14.12.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега