Тантаров: Земјоделците благодарни до Владата за постојаната поддршка

Во годината што си оди нашите аграрни невладини организации имаа повеќе средби со премиерот на македонската влада која што многумина ја нарекуваат „земјоделска влада„ што нас како земјоделци многу ни годи. На тие средби ги кажавме сите наши нерешени прашања и проблеми, горе долу сите наши барања беа исполнети , изјави претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.

-Последното наше барање беше упатено до премиерот околу легализацијата на дивите сточарски објекти кои што се прогласија за диви затоа што беа изградени во време кога во многу наши села немаше урбанистички планови. Ова барање на наше задоволство беше усвоено од народните пратеници со измените за законот за легализација и нашите сточари и сите други кои што имаат такви објекти добија виза за легализација, вели Тантаров.

Тантаров додава дека неделата што мина се карактеризира со тоа што скоро сите делови на државата што беа зафатени од поплавите годинава се целосно исплатени, и што е најважно се плаќаат и субвенциите што не беа исплатени до сега за 2014-2015 година, што знаци дека ветувањето на премиерот е исполнето.

-Поради промена на климатските услови ние од владата ќе побараме да во оние региони каде што системи за наводнување да се обезбедат субвенции за копање на бунари кои што ќе носат безбедност на производителите. И ние како земјоделци се радуваме на процесот на откупот на тутунот и сигурни сме дека годинава ќе имаме добра откупна цена, и добро е што земјоделската инспекција на Македонија се нафати да на сите откупни пунктови има претставници кои што ќе вршат контрола како и на кој начин се спроведува откупот на оваа култура, вели Тантаров.

 
 
13.12.2015 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега