Невремето во прилепско потопи 112 милиони денари

Невремето кое го зафати Прилепско на 23. јуни оштети вкупно 1.205 хектари од кои 807 под тутун, 332 со житни култури, 39 со градинарски култури, 20 хектари лозје и повеќе од еден хектар аронија. Вкупната материјална штета, според извештајот што го узвои денеска Советот на општината, е 112 милиони денари.

Во однос на објектите за кои до Комисијата се поднесени 12 барања, штетите се проценети на 608.000 денари.

Според Советот, најпогодени од невремето проследено со град, освен Прилеп, се и селата Канатларци, Ерековци, марул, Шелеверци, Старо Лагово, Ново Лагово, Беровци, Чумово, Волково, населбата Варош и дел од атарот на село Мало Коњари.

За штетите врз земјоделските површини биле доставени 2.573 барања од кои како комплетни се уважени 1.846. 

Обезбедување средства за секој оштетен граѓанин, регрес за вештачки ѓубрива и нафта за есенската сеидба, социјална помош за оштетените семејства, реактивирање на системот за заштита од град, негово осовременување и ставање во целосна функција со обезбедување материјални и кадровски услови за навремено дејствување при појава на градоносни облаци, се мерките за санирање на штетите што ги предлага Комисијата.

Завршниот извештај за штетите ќе биде испратен до Владата и второстепената комисија која ќе го одреди обештетувањето. 

ФОТО: Канал 5

најчитано сега