Попоски: Нема двојна дипломатија - и Ахмети работи за интересите на Македонија

Нема двојна дипломатија во Република Македонија, бидејќи постои консензус меѓу сите политички субјекти за стратешките цели на земјата -членството во НАТО и ЕУ, оценува министерот за надворешни работи Никола Попоски во врска со посетите на лидерот на ДУИ Али Ахмети од кои последната во Софија.

- Не би рекол дека се води двојна политика бидејќи целта е иста. Сметам дека огромно мнозинство од граѓаните во Република Македонија ни имаат дадено мандат да работиме на остварување на членството во НАТО и ЕУ и сметам дека имаме една од предносите тоа што сите политички субјекти во оваа држава имаат постигнато согласност дека тоа е нашата клулна стратешка цел. Секој кој може да придонесе е добредојден. Искажувањето на ставовите дека тие се нашите заложби како по формален пат во рамки на Владата така од претставнички на политички партии, во овој случај на ДУИ, може само да придонесат за нивото на информираност во сите тие средини и што е она работиме за да ја постигнеме таа цел, рече Попоски на новинарско прашање на прес-конференцијата со британскиот амбасадор во Скопје Кристофер Ивон по повод потпишувањето Меморандум за соработка меѓу македонското и британското МНР.

Запрашан за тоа дали има разидувања со ДУИ во однос на Владината политика за името и несоопштување детали за тој процес

- Официјална позиција на РМ е дека имаме процес во кој имае медијатор од ОН и процес кој е дефиниран со правилата од Времената спогодна и начинот на кој се води тој дијалог под медијаторство на амбасадорот Нимиц. Во тие рамки немаме повеќе да коментираме освен фактот дека сме целосно посветени, сакаме надминување на проблемот, сакаме решение со Република Грција. Во таа насока и упатуваме во повеќе наврати, последен пат и со писмото на премиерот Груевски  до премиерот Самарас, отвореност за дијалог и за надминување на тој проблем. Сметам дека до сега не сме виделе ниеден сигнал кој потврува таква посветеност од другата страна. но ние сме одлучни да опстоиме на тој пат, рече шефот на дипломатијата Попоски.

Во однос на тоа дали се чувствува навреден што неговите колеги од Бугарија и од Грција покажуваат поголема подготвеност за средби со албанскиот дел во Владата отколку со макеоднски политичари, Попоски рече дека нема никакво чувство на навреда. Според него, одлуките кои ги носат грчкиот или бугарскиот министер се исклучиво нивни одлуки и повеќе говорат за нивниот пристап кон работата и не мисли дека е ништо проблематично од аспект на нашите билатерални односи бидејќи имал билатерални средби со нив како министри за надворешни работи.

- Единствено што може да биде ставено во кореалација е што би сакале да постигнат како цел, доколку повеќе сакаат да се гледаат со еден или со друг. Но, не мислам дека е нешто проблематично во тој дел во однос на нас. Комуникацијата се одвива и со едната и со другата држава. Препреките кои се поставени од Грција не се никаков новите. Она што го имавме како став на Бугарската влада на последниот Совет беше новитет. Но, мислам дека мораме да ги судиме според она како ќе се однесуваат во следниот период, односно дали ќе работиме на добрососедката агенда или не, рече Попоски.

Амбасадорот Ивон прашан за владиниот став дека не треба да има јавна дебата за последниот предлог на Нимиц, го повтори британскиот став за спорот за името дека сака да види решение за спорот што е можно поскоро, кое е заеднички прифатливо и во рамки на разговорите под закрила на ОН.

- Знам дека е тоа тешко, и бара голема храброст, големо лидерство и голема флексибилсност. Но, би сакале да видиме решение што е можно поскоро. Што се однесува до методите и тактиките во врска со дебата за преговорите, не е на Британија да ја диктира, туку Македонија самостојно треба да ја одеди својата стратегија. Но, би сакале да видимер прогрес бидејќи ќе донесе бенефит за Маскедонија и за регионот пошироко, рече амбасадорот Ивон

најчитано сега