Го киднапирале и малтретирале - тетовчанец преживеал вистински хорор

Тетовчанец преживеал вистински хорор откако неколку лица го киднапирале, а потоа го малтретирале цел час.

39-годишниот С.Ј. 48-годишниот Ф.Н. и 47-годишниот Р.М. се насилниците кои со автомобил отишле во селото Боговиње каде живеел 42-годишниот Ф.Р. по што насилно го ставиле во своето возило, па потоа го изнеле од возилото и цел час заедно со уште неколку лица го малтретирале.

Насилниците си заработија соодветна кривична пријава.

ФОТО: Сител