Татко и подари бубрег на ќерка си за роденден - спасен уште еден живот на Клиниката за урологија

Во средата била реализирана 50-та трансплантација од жив дарител на Клиниката за урологија во Скопје.

Дарител е 72-годишен татко а бубрегот го добила неговата ќерка. Според директорот на Клиниката за урологија, прим. д-р Михаил Пенев, и таткото и ќерката се чувствуваат одлично по трансплантацијата.

Освен д-р Пенев, на 50-та трансплантација зедоаз учество д-р Сашо Дохчев, шеф на Одделот за трансплантација, д-р Оливер Станков, д-р Скендер Саиди,  д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Јосифов, како и диктори од Клиниката за неврологија, Анестезиологија и од одделението за ХЛА-типизација и Ртг-институт.

Македонија оваа година ќе биде рангирана меѓу земјите со најголем број трансплантации од жив дарител на милион жители.

најчитано сега