Шверцерите на добиток денеска пред Истражен судија

Утринава во Основниот суд Скопје 1, 15-мината  уапсени за криумчарење на добиток се изведени на распит пред истражен судија.

Двајца командири на гранична полиција и неколку полициски службеници паднаа во вчерашната голема полициска акција во западна Македонија. Лицата се приведени поради сомнение за нелегално криумчарење добиток од Македонија за Албанија. Се претпоставува дека лицата оствариле противправна имотна корист од неколку милиони евра.
 
Во вчерашната акција биле звршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција. Детали од акцијата, МВР ќе соопшти денеска на прес – конференција.

 

најчитано сега