СКАНДАЛ: Воспитувачка од градинка нуди сексуални услуги на Интернет
Воспитачка од една белградска градинка во слободно време се фотографира гола за еден српски порно-сајт, тврдат родителите на децата кои одат во таа градинка, пишува српски „Ало!“.
Ужаснати од откритието дека децата им ги воспитува жена која го покажува своето тело на сајтовите за возрасни, родителите за тоа веднаш ја информирале директорката на градинката. Меѓутоа, воспитувачката засега нема да биде подложена на санкции, барем додека официјално не се докаже дека се занимава со порнографија.
Мајката на детето кое е во групата кај оваа воспитувачка вели дека сосема случајно дознала со што воспитувачката се занимава во слободно време.
– Сосема случајно сретнав еден стар пријател, кој работи како програмер во една фирма. Кога му реков во која градинка оди моето дете, тој ми откри дека на порно-сајтот, кој е во сопственост на фирмата која е дел од компанијата во која тој е вработен, работи воспитувачката од таа градинка. Ми рече кое е нејзиното уметничко име и дека се занимава со тоа седум години, уште од периодот кога одела во училиште за воспитувачи, рекла мајката.
Таа рекла дека се шокирала и дека веднаш се јавила во фирмата каде и потврдиле дека девојка под тоа име и презиме работи како т. н. веб-аниматор. Исто така, мајката обединила уште неколку родители и бара „порно-воспитувачката“ што побрзо да добие отказ.
– Невидено е личност која снима порно-филмови да ги образува и воспитува нашите деца. Поради тоа од директорката на градинката баравме што побрзо да го реши овој проблем. Меѓутоа, таа на наше чудење одговори дека може да ги санкционира само работите кои воспитувачката ги прави во текот на работното време, рекла мајката.
Директорката на предучилишната устанава рекла дека таа воспитувачка работи веќе три години и дека досега немала забелешки.
– Кога ги добивме писмата од родителите, веднаш ги контактиравме инспекцијата и полицијата, но тие ни рекоа дека е неопходна изјава од родителите или од програмерите на сајтот. Меѓутоа, тие не сакаат да го направат тоа под нивни имиња и презимиња. Верувајте ми дека цел ден ги гледам фотографиите и ги споредувам, но не можам некого да нападнам без конкретни докази, рекла директорката и додала дека дури и кога би се докажало дека споменатата вработена со тоа се занимава, таа нема законски овластувања поради тоа да ја отпушти.
Воспитувачката потврдила дека работи надвор од градинката, но дека не се слика за порно-сајт, туку дека работи во „кол-центар“ на разни продажби.
– Немам врска со тој сајт. Имам дете и не сакам тоа да страда поради мене. Во животот не сум се потресла толку, рекла воспитувачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа