Жерновски нема да ги чува спомениците од „Скопје 2014“

 

Општина Центар побара Градот Скопје да го преземе одржувањето и чувањето на спомениците и објектите кои се дел од проектот „Скопје 2014“. Според Предлог одлуката и точка на дневен ред на шестата седница на Советот на општина Центар, надлежноста над новите објекти ја има градот.

СПоред пресметките, минатата година за одржување на објектите од „Скопје 2014“, општината потрошила над 250.000 евра. Од овие средства, 6,8 милиони денари биле потрошени за „Воинот на коњ“ и фонтаните во Вардар, додека за електрична енергија биле потрошени 2 милиони денари.

Оваа точка ја предлил првиот човек на Општина Центар, Андреј Жерновски. Советничката група од ВМРО-ДПМНЕ побараа да им го образложи ваквиот предлог, но најавија дека не се противат на предлогот.

Од Град Скопје најавија дека ќе ја преземат одговорноста за објектите од „Скопје 2014“.

 

најчитано сега