Косовскиот Суд ги донесе пресудите: Исмаиловиќ 2 години - Демири 30 месеци
Демири ќе остане 2 години во затвор во Косово, Исмаиловиќ 2 години и 6 месеци. Косовскиот суд ги изрече пресудите за поседување оружје на двјацата обвинети против кои Македонија го води случајот Монструм.
И вајцата најавиле жалби пред косовскиот Суд. Африм Исмаиловиќ добил помала казна бидејќи го признал делото. Тој и Алил Демири во Макеоднија се обвинети за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, но во март косовската полиција ги уапси во Приштина и ги обвини за поседување оружје.
Останува дилемата, дали Демири и Исмаиловиќ ќе треба да ги одлежат казните во Косово па потоа да и бидат испорачани на Македонија каде што ги чека пресуда за Монструм