Господе не ми го земај братот, тебе не ти треба - Андријана гледала како нејзиниот брат умира

 

- Боже, немој  те молам да ми го земаш братот, тебе не ти треба. Мене и на мајка ми ни е потребен, напишала на Фејсбук младата сестра на настраданиот Стефан Миловановиќ.

Андријана МИловановиќ од Србија за само неколку секунди избегнала трагедија во која живото го загуби постариот брат Стефан (24). 

Тој загина во сообраќајна несреќа во неделата рано наутро, кога неговиот другар Никола Прокиќ (24) изгубил контрола над воланот. 

- Знаеш, бев на две метри  од тебе кога тоа се случило, не можев да поверувам на очите тоа што го гледам. Кога ги затварам очите , само таа слика ми стои. Се доближив до местот на несреќата со надеж да помогнам на луѓето кои се во возилото. Ги гледам табличките знам кој автомоби е тоа. Се доближувам до автомобилот и се молам да не се вие... Некако отварам врата, музиката гласна, твојот другар беше тука некако ја намалувам музиката, го прашав: „ Дали си добро? Кажи ми што ти е? Ме погледна ми се насмеа и ми вели: „Извадиме одовде“.Додека се обидувам да му помогнам, го прашувам каде си ти, а тој: „Стеле јави се, тука е Стеле позади, јави се, Стеле“. 
Погледнувам позади, искшено се. Господ го молам да не си ти. Го земам телефонот да те повикам, сигурно си тргнал со друг автомобил. Телефонот ти ѕвони, тука под возилото. Го земам телефонот се прашувам зошто мобилниот е тука кога не си ти... Го прашувам Никола каде си ти? И ми вели: „Тука е тој“, и продолжува да те повикува “Стеле“. Се вклучуваат светлата надвор едно момче пријде, се сеќавам на неговите зборови: „ Боже овде има некој“ Се доближувам  и бато тоа си ти... Се пресов на половина, лицето ти е крваво... Се молам: „ Боже немој те молам да ми го земаш, тебе не ти треба, мене и на мама ни е потребен...Те уживеа во Крагуевац, но само на краатко, сепак нас не напушти... Тагата за тебе не може да се преболи, само ќе навикнам да живеам  со таа болка и кинење на парчиња кога некој ќе те спомене... напишала сестрата Андријана на социјалните мрежи. 

 

 
 
09.12.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега