Сноуден на средба со организации за заштита на човекови права и адвокати

Поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден ќе има денеска средба со организации за заштита на човекови права и адвокати во транзитната зона на московскиот аеродром Шареметјево каде се наоѓа откако го напушти Хонг Конг.

- Можам да потврдам дека таква средба ќе се одржи, изјави портпарол на аеродромот.

Тој прецизира дека средбата ќе се одржи денеска попладне. 

најчитано сега