Хорор во семејна куќа: Ја полил сопствената ќерка со бензин

 

Полицијата во Нови Пазар го уапси Владимир С. (58) поради што во семејната куќа ја полил со бензин својата ќерка и, се занканувал дека ќе ја запали.

- Владимир ја малтретирал својата ќерка, а потоа ја земал кантата со бензин и ја полил и се заканувал дека ќе ја запали. Откако ја полил ќерка му со бензин ја полил и куќата, и на крај се полил и себе си. Во меѓувреме неговата ќерка повикала полиција која за среќа веднаш пристигнала и спречила голема трагедија, соопштуваат од полицијата. 

На Владимир му е одреден притвор од 48 часа. 

 

 
 
07.12.2015 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега