Ужас: Мајка 90 пати си го прободела бебето со ножици
Осуммесечно бебенце од Кина имало голема среќа бидејќи успеало да преживее верувале или не откако неговата мајка 90 пати го прободела со ножици.
Оваа мајка-монструм го бодела своето дете главно во пределот на лицето, а потоа се изјаснила дека грозоморното дело го направила бидејќи детето силно ја гризнало додека таа го доела.
Детето кое живее со мајката и двајца чичковци кои главно заработуваат за живото од собирање картони, било пронајдено целото облеано во крв. Биле потребни повеќе од сто конци за да се санираат раните по неговото тело.
За жал, детето ќе биде вратено дома и покрал апелите од загрижени граѓани да оди во некоја установа.