Израелската полиција уапси петгодишно дете

 

Израелска организација за човекови права ја обвини синоќа армијата дека противзаконски уапсила 5-годишен Палестинец кој фрлил камен врз автомобил во Хеброн на Западниот брег.

Видео снимката на органзиацијата Б’Тселем го прикажува детето додека на улица во Хеброн плаче опкружено со војници и потоа со постар Палестинец влегува во воено возило. Подоцна војниците го предале таткото и детето на палестинската полиција која ги ослободила по давањето изјава.

Извесно време, вооружените војници го држеле детето со заврзани раце и со превез преку очите.

 

најчитано сега