Огромна трагедија: Татко и син загинаа мајката и ќерката се борат за живот
Во страотна сообраќајка што се случи синоќа две лица загинаа, а две се тешко повредени. Станува збор за членови од исто семејство.
Во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Добој – Маглај загинаа Адил Смаилбашиќ (58) и Е.С. (22), додека сопругата на возачот Е.С. (46) и ќерката М.С. (20) се тешко повредени.
Околу 18 часот автомобилот „рено меган“ со кој управувал Адил Смаилбашиќ (58) излетал од патот и влетал во Осојничка река.
На самото место загинале таткото и синот, а мајката и ќерката се борат за живот.
По укажаната лекарска помош во болницата во Добој, мајката и ќерката со тешки повреди се префрлени во Клиничкиот центар во Тузла.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа