Субрата на средби со Иванов Ставрески и Бакрачески

Индискиот милијардер Субрата Рој денеска ќе има средби со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов, на чија покана ќе присуствува на свеченото отворање на 53. издание на Охридско лето. Рој ќе се сретне и со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, . 

-Целокупниот процес на преговарање со „Сахара Индија Паривар“ на Субрата Рој е во ингеренции на Владата на РМ, а секако дека јас како градоначалник и општинските служби имаат обврска да бидат информирани за сите активности. За таа цел во текот на денешниот ден ќе имаме средба на која ќе бидеме детално информирани за сите активности кои до сега биле остварени и за активностите кои господинот Субрата Рој има намера да ги реализира во Охрид, истакнал Бакрачески.

Утре компанијата ќе биде домаќин на голем коктел на кој меѓу другите, е најавено присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор. 

Милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари.Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени. 

 

Индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

најчитано сега