„Наскоро пристигнува бебе во нашиот дом, а немаме ни огрев ни храна“
Ние сме пет деца и спиеме на два расклапани кревети.Немаме зимска гардероба, огревот ни престанува, а се помалку имаме и храна, вели 12-годишната Андриана Рафа од Србија.
Ова девојче живее со браќата и сестрите Воислав (16) и Андриана (13) и Зоран (3) и Јована (6). Таткото Јован починал пред два месеци, а мајката Снежана треба да се породи на почетокот на наредната година. Децата престојуваат во три простории од куќата во која ѕидовите не се малтерисани, а прозорите дихтуваат , па во собата постојано е ладно.
Тоалет никогаш не сме имале. Вода грееме на шпорет, во една просторија и ручаме и сушиме облека, во куќата нема бела техника, а целиот мебел е испокинат. Покрај земјениот под поставени се неколку теписони, вели малата Андриана
На семејството Рафа неодамна им пристигнало опомена за исклучување на струја поради дол од 10.300 динари. Во куќата работат само две сијалици и семејството се моли да не им ја исклучат струјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа