Скопјани во недела избегнувајте да возите по овие улици
На улицата „Трета македонска бригада“ во недела од 8 до 17 часот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, а на коловозот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.
Како што соопшти Град Скопје, привремениот режим е поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до „улицата Никола Карев“.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа