Пешак прегазен на скопските улици - итно пренесен на Ургентен

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак.

Се случила и една сообраќајка во 17 часот и 50 минути на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ помеѓу патничко моторно возило „Фиат браво“ и пешак. По незгодата пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Од вчера во официјална посета на Република Македонија престојува претседателот на Собранието на Република Чешка. За време на движењето на колоната возила под придружба по сообраќајниците низ централното градско подрачје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници поради што од сообраќајната полиција апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници, да бидат трпеливи, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Со почеток во 20 часот во „Метрополис арената“ групата „2 Челос“ ќе одржи концерт.

Во сабота со почеток во 17 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Колдинг, Данска, а во недела со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Цедевита, Хрватска. Со цел безбедно и уредно одвивање на овие манифестации од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

 
 
04.12.2015 - 08:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега