Се судрија два автобуси во Украина - осум лица загинаа меѓу нив и дете

 

Oсум лица, меѓу кои и едно 13-годишно дете, загинаа, а 27 други се повредени денеска при директен судар на два автобуси во близина на градот Ковел во Украина.

Еден од автобусите превезувал 50 државјани на Белорусија, меѓу кои и 40 деца помлади од 16 години, кои оделе на одмор во Бугарија. Другиот автобус патувал на релација Лутск-Шатск и засега не е познато колку патници имало во него.

Украинските власти соопштија дека во болницата се Ковел се хоспитализирани 21 државјани на Белорусија.

БТА јави дека меѓу загинатите е и еден бугарски државјанин, кој бил возач на еден од автобусите, додека неговиот совозач и сограѓанин е повреден.

ФОТО: Курир

најчитано сега