Големо изненадување за сите при пејд корисници: Телеком секој ден дели по 3 Самсунг телефони

Во пресрет на Новогодишните празници Македонски телеком ќе ги изненади припејд корисниците со можност да добијат супер Samsung награди. Се што треба да направат е да се јават или да пратат СМС порака со текст „START" на бесплатниот број 1469 и да надополнат каков било ваучер на нивната припејд сметка.

Секој ден ќе се доделуваат по три самсунг галакси А3 (Samsung Galaxy A3) смартфони, а секоја недела врвниот самсунг галакси С6 еџ плус (Samsung Galaxy S6 Edge Plus).

Во извлекувањето на главната награда ќе учествуваат корисниците што ќе надополнат вкупен износ од најмалку 600 денари во периодот на времетраење на наградната игра. Главната награда е – Самусунг пакет од соништата: телевизор Curve 65’’, смартфон самсунг галакси С6 еџ плус  и 10-инчен таблет.

Наградната игра почнува на 3 декември 2015 до 20 јануари 2016, а извлекувањето на главната награда ќе се одржи на 21 јануари 2016 година.

 

 

 
 
03.12.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега