Премиерот Груевски со набиена агенда во Кочани и Виница

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Кочани и Виница.

Во рамките на посетата, премиерот ќе изврши увид во активности при изградба на објект со 43 станови за лица со социјален ризик на улица „Ѓорче Петров“, во Кочани, потоа ќе присуствува на отворање на фабрика за ориз „Левидиагро“ во Кочани.

Груевски ќе изврши увид во градежни активности при изградба на спортска сала во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ и ќе оствари средба со жителите на село Оризари, Општина Кочани.

Во Општина Виница, премиерот ќе оствари посета на австриската компанија „Текспорт“ и ќе оствари средба со жителите на село Јакимово.

 
 
03.12.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега