„Бетон“ и донираше 1.500 книги на штипската библиотека „Гоце Делчев“

Градежната фирма „Бетон“-Скопје денеска и донираше 1.500 книги на НУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Штип.

Директорот на „Бетон“ Дејан Нешковиќ истакна дека нивната компанија гради и проектира објекти, но како општествено одговорна сака и да донира за граѓаните.

Директорката на библиотеката Охридија Лазарова искажа задоволство од донацијата  разновидни наслови и енциклоподии, со кои се збогатува нивниот фонд.

На донирањето на книгите  присуствуваа и сопственикот на „Бетон“-Скопје Минчо Јорданов и градоначалникот на Штип Илчо Захариев. 

најчитано сега