Рација во „Дојче Телеком“ поради сомнеж за формирање картел
Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче Телеком“ денеска потврди дека по препорака на Европската комисија во неговите простории била спроведена рација поради сомнеж за злоупотреба на позицијата на пазарот.
Германските медиуми објавија дека „Дојче Телеком“ е само една од компаниите во кои експерти на Европската унија ги пребаруваат просториите и канцелариите поради сомневање за формирање на картел.
Доколку се утврди злоупотреба, „Дојче Телеком“ и другите фирми ќе бидат казнети во висина од десет отсто од нивниот годишен промет. „Дојче Телеком“ минатата година оствари промет од 58,17 милијарди евра.
Францускиот весник „Фигаро“ објави дека експертите на ЕУ ги пребарале и просториите на операторот „О2“, кој фирма-мајка на „Телефоника“ од Шпанија и „Оранж“ од Франција, под сомнеж за злоупотреба на интернет-провајдерите при договарање на цената или поделба на пазарот.
ФОТО: Алфа