Кире Лазаров на овогодинешниот ИХФ Супер глоб во Катар
Меѓународната ракометна федерација ја покани Барселона да биде дел од овогодинешниот ИХФ Супер глоб во Катар.
Поканата стигна по згаснувањето на Атлетико Мадрид, кој требаше да ја брани титулата, освоена со Лазаров во ростерот минатото лето, а за Барселона ова ќе биде прв пат да учествува на ваков турнир.
Лазаров на ИХФ Супер глоб ќе учествува по четври пат, а во претходните три наврати секогаш играл во финалето: со Ал Саад, со Реновалиа Сиудад Реал и стигна до титулата со Атлетико Мадрид.
Овогоденешниот Супер глоб ќе се одржи од 25-30 август во Доха, Катар.
ФОТО: Скопјеинфо