Богов: Политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици

 

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов денеска преку соопштение апелираше политичките партии да не ги мешаат банките во нивните политички битки.

- Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија  и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика, вели гувернерот Богов во писмената изјава.

 
 
01.12.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега