Гаф на годината: Поранешниот претседател претставен како претседател на БиХ

Весникот The Oxford Eagle од сојузната држава Мисисипи, направи интересна грешка за поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.

Весникот го претстави Тадиќ како претседател на Босна и Херцеговина. За него се пишува дека се занимавал со конфликтите од радикалниот ислам и западниот свет.

Авторот Вил Нортон, е инаку декан и професор на Универзитетот во Мисисипи, отсек новинарство, а се што сакал да направи е да ги пренесе своите впечатоци од Србија и БиХ.

Во текстот пишува „Борис Тадиќ, претседател на Босна, држеше говор во кој кажа дека неговата администрација ќе ги изнесе пред правдата сите они кои започнаа злочини за време на балканските конфликти“, пренесуваат српските медиуми.

 
 
01.12.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега