Хрватска: Детенце се бори за живот откако паднало во базен

Во семејна куќа во Пула се случи вистинска трагедија кога мало детенце тешко се повреди откако падна во базен. 

Детенцето вчера околу 18 часот и 30 минути си играло во дворот од својата куќа и бидејќи немало надзор од страна на неговите родители кои биле внатре во куќата, тоа паднало во базенот.

Мајката која излегла да види каде и е детето по само неколку минути го видела како плови во базенот.

Детето во општата болница во Хрватска е пренесено во многу тешка состојба и моментално се бори за својот живот.

најчитано сега