Вакво време не очекувавме: Еве со колкави температури ќе започне декември

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, долж Повардарјето ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во западните делови умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе искачи до 13 степени.

Ваквото време ќе се задржи и во наредните денови. Ќе преовладува стабилно и суво време со релативно високи измерени дневни температури коишто се очекува да бидат највисоки кон средината на неделата и да се движат помеѓу 12 и 18 степени.

Во четврток ќе има и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. 

 
 
30.11.2015 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега