Попоски: Ние баравме добрососедство а соседите нé блокираа

 

По повод 20 годишнината од отворањето на  првите Дипломатско конзуларни претставништва на Република Македонија во Република Турција и во Република Словенија, министерот Никола Попоски денеска имаше средба со амбасадорите Димитар Мирчев и Данчо Марковски, кои беа првите дипломати што во 1993 година ги отворија македонските амбасади во Анкара и во Љубљана, информираат од Министерството за надворешни работи.

Осврнувајќи се на овој јубилеј, министерот Попоски истакна: 

-Тоа беа трауматични почетоци за македонската дипломатија. Под блокади и напори од соседството да не опстои нашата држава. Тогаш некои измислуваа алиби како да ни воведат ембарга, а ние баравме добрососедство. Сега измислуваат како да одбегнат средби за решавање на спорови, ние пак бараме дијалог со добра воља. Притоа, Словенија и Турција беа на страна на граѓаните на Македонија. И тогаш и сега. 

 

-За време на средбата беше разговарано за искуствата, развојот и проширувањето на дипломатската мрежа на Република Македонија во изминатите 20 години, а воедно беа разменети мислења и ставови за предизвиците на сегашната македонска дипломатија и можностите за нејзино натамошно унапредување, согласно светските стандарди на современата дипломатија, информираат од МНР. 

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk

најчитано сега