Едногодишно бебенце му купило автомобил на татка си
Едногодишно девојче од Велика Британија си играло со телефонот на својот татко, Пол Стоут, и по грешка купило автомобил на И-беј.
- Среќа што не купила некое „порше“ од 38.000 долари - во шега вели Пол, бидејќи неговото девојче купила многу евтин автомобил.
Таткото вели дека ќе го задржат автомобилот и ќе го дадат на ќерка си кога ќе наполни доволно години за да го вози.