Валентина оставила порака пред смртта: Родителите ја барале во болница ја нашле во капела

Шеснаесетгодишната Валентина Стаменковиќ од Србија загина вчера при директен судир на „југо“ и „поло“.

Според српските медиуми, неофицијално, сообраќајката настанала кога „југото“ поради неприлагодена брзина се излизга и директно се судри со „поло“. Мајката на Валентина, Милица, сеуште не може да поверува дека нејзината ќерка е мртва.

„Ни рекоа дека Валентина е повредена и дека со возило на брза помош е на пат за Ниш. Дури во Ниш дознавме дека мојата ќерка загина на лице место. Ја баравме низ Клинички, а моето дете го одведоа во капела“, во солзи раскажува Милица за српските медиуми.

Таткото на Валентина, Војкан, 6-годишната сестра Ема, бабата Вишна и дедото Винко не ги криеа солзите по трагедијата.

„Валентина беше со тетка и на кафе. Пред несреќата и се јавив на телефон и ми рече дека наскоро ќе се врати, бидејќи е во близина. Ги чекав, но не дојдоа. Се обидов да ја побарам, но не ми се јави. Потоа ни се јавија и ни кажаа дека е повредена. А мојата ќерка лежела мртва на ладниот пат“, изјави очајната мајка.

Инаку Валентина, била совозач во автомобилот со кој управувал нејзината тетка Весна Ѓорѓевиќ. Весна е полесно повредена. Таа пред смртта оставила порака на своја другарка дека била излезена во ноќен клуб со момчето и дека си поминала фантастично. За жал, пресреќната девојка која на другарката и напашала "Не може нам нико ништа", ненадејно замина во смрт. 

 

 
 
30.11.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега