Претседателот Иванов разговараше со Меркел за мигрантската криза

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на маргините на климатскиот самит во Париз имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува дописникот на МИА.

Соговорниците размениле мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интегр‎ациjа на Македониja.

Канцеларката Меркел го брифирала претседателот Иванов за исходот од вчерашниот самит ЕУ-Турциja.

Претседателот Иванов од своја страна, ja запознал канцеларката Меркел со мерките што Македониja ги презема за справување со ситуациjата и посебно укажа на фактот што се уште нема ништо од ветената европска помош за македонските институции.

Воедно, Иванов укажал дека Македониja инсистира на мисиja на Фронтекс на jужната граница, а обрнал внимание и на недостатокот од директна комуникациja меѓу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво.

Македонскиот претседател нагласил дека е нужно Македониja конечно да започне со преговори и акцентирал дека кризата jacно укажува дека земjите од Западниот Балкан требаше одамна целосно да бидат интегрирани во ЕУ.

На средбата, како што информираа од кабинетот на Иванов, е заклучено дека Македониja и Германиja имаат исти интереси во однос на мигрантската и бегалската криза, како и дека и натаму треба да продолжи и да се продлабочи интензивната комуникациja и размена на информации меѓу двете земjи, посебно во однос на актуелната мигрантска криза.

 
 
30.11.2015 - 13:26
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега