Евакуирана железничката станица во Пловдив - што се случува во Бугарија?

 

 

Полицијата во бугарскиот град Пловдив ги евакуираше сите присутни на Централната железничка станица, откако во делот кај билетарниците е забележан оставен ранец, јави БТА.

Пловдивската полиција соопшти дека веднаш по примената информација за оставениот ранец, што се случило нешто по 10 часот по локално време (9 часот по средноевропско време), бил блокиран реонот околу станицата, биле еавкуирани сите патници и вработени од објектот и бил запрен железничкиот сообраќај.

Набрзо по евакуацијата, на станицата се појавило 20-годишно момче кои изјавило дека ранецот е негов и дека го заборавил, по што наредбата за евакирање била отповикана, а состојбата нормализирана. 

 
 
30.11.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега