Денеска е Св. Григориј Чудотворец: Ако не ја почитувате оваа работа, правите голема грешка!

Свети Григориј се роди од родители незнабошци. Во младоста ја бараше утехата во елинската и египетската мудрост, но откако се увери во нивната недоволност, се сврти кон христијанството. Неколку години беше ученик на Ориген, кој го крсти, а потоа се повлече во пустина. Кога сакаа да го постават за епископ на Кесарија, бегаше и се криеше од пратениците. Најпосле, по Божја промисла, беше поставен за епископ. Господ го имаше надарено со големи дарови: ги гледаше настаните и човечките мисли на далечина, беше невидлив пред гонителите, ги лечеше сите маки и болести. Се успокои во 270 година, во длабока старост. Како епископ, ја обрати во христијанство цела Кесарија, во која до неговото доаѓање имаше само 17 христијани.

Плодовите на верата и љубовта се царски подароци кои ги носи Христос кога се вселил во човечкото срце. Рабирањето е тајната способност; разбирање на сето она што за човекот во животот е важно. Па поради тоа рабзирајте ги луѓето околу себе и со тоа сте ја постигнале целта за која Исус Христос се залагал и со таа карактеристика значи дека Господ се вселил во твоето срце. 

 
 
30.11.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега