Автобус влечел постара жена 30 метри

 

Неидентификувана постара жена почина денеска по повредите со кои се здоби, откако возач на автобус ја влечел 30 метри. Несреќниот настан се случил откако жената пред да влезе на задната врата, возачот ја затворил вратата, по што ја приклештил. Таа со едниот дел од телото била внатре во автобусот, додека со другото била надвор. Автобусот се движел 30-на метри. Патниците веднаш реагирале, по што возачот го запрел автобусот, но било предоцна. Итната помош кога пристигнала можела само да констатира само смрт. 

 

најчитано сега