Курир: СДСМ ја блокира исплатата на повисоките пензии, повисоката социјална помош и ги стопира проектите

СДСМ ја стопира и блокира исплатата на повисоките пензии, повисоката социјална помош, изградбата и реновирањето на патишта, болниците и училишта. СДСМ сака да ја парализира државата, пишува Курир.

Зоран Заев и Радмила Шекеринска од удобните фотелји донесоа одлука за внесување на Република Македонија во нов хаос и неизвесност.

Соочени со губењето поддршка од граѓаните, двоецот на СДСМ заклучи дека единствен начин за да направат конфузија меѓу народот се чини е да почнат со блокади и со попречување на секојдневното функционирање на граѓаните.

Како што пишува порталот, сè станува појасно дека тоа е улогата на нивното влегување во Министерството за финансии. Таа е врската со изборите на дополнителниот заменик Кире Наумов.

На СДСМ им е јасно на кој ја има поддршката од граѓаните, по објавените резултатите од анкетите тие видоа дека двојно заостануваат зад ВМРО-ДПМНЕ, па очигледно според нивна проценка единствен начин да се помрднат од дното е преку нанесување штета на граѓаните, да се обиде да и се одмазди на владејачката партија.

Ветото на СДСМ за издавање на државни записи ја блокира изградбата на спортските терени, исплатата на земјоделските субвенции и сите останати проекти.

Граѓаните паметат дека без СДСМ нормално се одвиваа сите исплати. Немаа проблем ниту пензионерите, ниту социјалните случаи, ниту земјоделците. Се набавуваа болнички апарати, се градеа училишта и се инвестираше во инфраструктурата.  Република Македонија одеше напред, а притоа остана 4-та најмалку задолжена земја во Европа според Еуростат.

Дополнително се отворија над 140 000 нови работни места и СДСМ не можеше да се помири со тоа. Без поддршка од граѓаните, СДСМ со политички договор влезе во некои министерства и ја почна деструкцијата. СДСМ значи неизвесност.

Секаде во свет владите се финансираат на ваков начин и опозициската партија го знае тоа. Особено и заради фактот што треба да се исплаќа долг кој е направен во 2005 година.

На Заев и Шекеринска им е сеедно за тешкотиите кои ќе им ги предизвикаат на граѓаните, бидејќи хаосот и блокадите нема да се случуваат и почуствуваат во фирмите на Заеви или становите на Шекеринска, пренесува Курир.

 
 
29.11.2015 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега