Тодоров во Карбинци: СДСМ се гневни бидејќи ВМРО- ДПМНЕ реализираше огромен број проекти и ја намали невработеноста

 

На вечерашната трибина во Карбинци во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „На Македонија и треба твојата идеја", министерот за здравство Никола Тодоров порача дека ова е политичка филозофија која ВМРО-ДПМНЕ ја применува, со проекти со конкретни рокови и буџет и програма која се спроведува во целост.

Од друга страна, политичкиот противник, СДСМ, ја втурна Македонија во длабока политичка криза со цел да извлече определена корист. СДСМ изгуби и потроши една цела година на нас, а што е ефектот? Ефектот од тоа е дека според анкетата на реномираниот американски републикански институт, ВМРО ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ. Тоа значи дека ништо не се променило иако цела година потрошија на нас, потенцираше Тодоров.

Министерот порача дека СДСМ се водени од гнев и тоа поради две причини. Едната причина се огромниот број реализирани проекти. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ со својот тим ја намали невработеноста од 38% на 26,8%. Бројот на вработени лица во приватен сектор е зголемен од 386.000 на 541.000. Ова е разликата меѓу нас и СДСМ. Тие се занимаваа со административно бришење на невработени лица, а ние се занимаваме со отворање нови работни места, истакна Тодоров.

Министерот истакна дека за околу 70% просечно се зголемени пензиите во времето на ВМРО ДПМНЕ и за околу 62% се зголемени средствата за примателите на социјална помош.

Втората причина поради која СДСМ се гневни е фактот што тие мислат дека некој им ја узурпирал власта која на нив природно им припаѓа. Власта во оваа држава припаѓа на народот, на граѓаните на Република Македонија. Затоа народот во април ќе им покаже на СДСМ дека во Република Македонија одлучува народот и никој друг, порача Тодоров на трибината во Карбинци.

 
 
27.11.2015 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега