ФОТО: Енрико Лета нов премиер на Италија
Италијанскиот претседател Наполитано за нов мандатар го назчани Енрико Лета. Неговото именување од страна на претседателот Наполитано наиде на одобрување речиси кај сите партии. Во новиот мандат тој итно мора да преземе делотворни мерки за економските и социјалните проблеми на Италија, кои не смеат да произведуваат никакви трошоци. Тоа ќе биде непопуларна политика, која речиси нема да се разликува од курсот на штедење на преодната влада на Марио Монти. Во неговата прва изјава како номининар шеф на новата илијанска влада Лета ја критикуваше политиката на европските партнери во еврокризата, зборувајќи за „пресилна концентрација на штедењето“, но Лета нема повторно да ја рискира довербата на парнерите како Германија и Франција.