Кирацовски демантира: Спасував другари нападнати од насилници

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски испрати демант откако медиумите објавија дека тој е осудуван за нанесување тешки телесни повреди со нож. Според објавената пресуда, Кирацовски бил осуден на 3 месеци затвор условно доколку го повтори делото во рок од една година. Кирацовски во демантот не негира постоење на судската пресуда која веќе беше објавена. Ова е неговиот демант во целост.

„Најостро ги демантирам лагите што потекнаа од гласилото Курир. Никогаш во животот не сум повредил некого. Ова е груба лага и тешка клевета. За клеветата барам Курир и другите медиуми што ја презедоа веста, да се извинат, во спротивно ќе поднесам тужба. ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола лаже за тесно партиски цели. Злоупотребуваат настан во којшто пред 15 години, на 18 годинша возраст, спасив двајца другари повредени од насилници. Ги однесов во Брза помош. Едно од момчињата кое го спасив е син на Илија Србиновски од ВМРО-ДПМНЕ, актуелен подрачен министер за земјоделство во Битола. Србиновски знае дека неговите сопартијци лажат. Ете тоа е вистината. Ова што го прави раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку Курир е обид за притисок врз мене и мојата работа од којашто се плашат. Порачувам, нема да ме спречат“.

Пресс24 му се извинува на Кирацовски доколку наводите се невистинити и доколку со преземениот текст му е нанесена штета на честа и угледот.

 
 
26.11.2015 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега