Роналдо е најплатениот фудбалер во светот

Шпанските медиуми вчера и официјално потврдија дека Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот. 

Португалскиот фудбалски интернационалец конечно ја „однесе победата“ и во оваа категрија. Роналдо доби нов договор од  Реал Мадрид  според кој би заработувал неверојатни 330 илјади фунти, односно нешто повеќе од 17 милиони фунти на годишно ниво. 

Воедно, Роналдо има понуди и од многу други фудбалски клубови, па Реал прави се што е во нивна можност да да го задржи.