Сарачини ќе го запознае Трајановски со Законот за индустриски-зелени зони
Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини ќе се сретне со претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Коце Трајановски. На средбата е предвидено Сарачини да го претстави Законот за индустриски-зелени зони.
Целта на презентацијата е информирање на единиците на локалната самоуправа за можностите за развој на општините што ги носи законот.