Софија: Возел со 140 километри на час и удрил во автобуска постојка - таксист усмрти едно а повреди 11 лица

 

Голема несреќа се случила вчера во Софија, Бугарија, кога таксист со своето такси-возило удри во група луѓе кои си чекале автобус на автобуска постојка. За жал во несреќата една жена го загуби животот, а повредени се единаесет лица меѓу кои и едно шестгодишно дете.

Жената им подлегнала на повредите ова утро во болницата во Софија, а лекарите засега не даваат оптимистички прогнози ниту за шестгодишното детенце. Во големата несреќа тешко повредено е уште едно лице.

Според очевидци на автобуската постојка имало најмалку 20 лица, кога во нив удрило такси возило, со брзина поголема од 140 километри на час.

Се уште не се познати причините за несреќата, но се претпоставува дека е можно да дошло до пукање на гума на возилото и таксистот да бил под дејство на алкохол, јавуваат софиски медиуми. 

Инаку, таксистот бил веднаш уапсен од страна на полицијата во Бугарија.

најчитано сега