Што изјави Цеца за тврдењата дека таа ги земала клучевите од сефот каде Аркан чувал неверојатно богатство?

Павле Стевовиќ, финансискиот директор на сите претпријатија на Жељко Ражнатовиќ Аркан, пред нотар во Нови Сад открил што се Аркан чувал во своите сефови, а во тоа време го немал никој друг на овие простори. Тој ги открил сите детали за сефовите на покојниот сопруг на Цеца.

Многу добро го познавал, бил негов пријател и колега, и знаел се што Аркан има и поседува. Само тој и Аркан биле потписници на сите документи, па затоа сефовите често се отварале пред него.

- Често, речиси секојдневно бев во ситуација Аркан да ги отвара сефовите пред мене. Вадеше пари, ми даваше мене да ги претворам во динари. Таму имаше цело богатство, вели Павле.

Во својот сеф, Аркан имал 10.000.000 германски марки во готово. Вели дека тие пари му биле резерва и говорел дека нема да ги допре. Имал и огромна количина дијаманти и злато. Во сефовите имал и брилијанти кои многу ги сакал. 

Аркан носел и Ролекс од 153.000 марки. 

Тој вели дека клучевите од сефото на Аркан ги земала Цеца. На прашањето дали пејачката го знае Павле Стевовиќ и дали навистина таа ги земала клучевите од сефот, еве што одговори: 

- Ах, од каде  сега го ископавте?! Се разбира, го знаеме, сепак, не сум го видела од смртта на Жељко. Ова е фантазија. Се ова се само празни зборови и ништо повеќе. Таа, јавно го покани г-дин Стевовиќ да ја повтори приказната повторно пред судот и да понуди пред судот ако ги има. А, јас гарантирам дека ги немам  – рече Цеца за Информер.рс 

 

 

 
 
21.11.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега