Сиријка си го крсти бебето Горан по докторот кој ја породи во Скопје

Сиријката Лина која минатата недела од Грција влезе во Македонија, се породила на Клиниката за гинекологија во Скопје, а во чест на докторот кој ја породил, го крстила своето бебе Горан.

Како што пишува Дневник, кога сиријката влегла на македонската граница, добила породилни болки поради што веднаш била префрлена во болнца, каде докторот Горан Кочовски ја породил со царски рез. 

- Кога влегов во собара ми рече детето ќе се вика "Гл Кл". Не ја разбрав, но таа објасни дека ќе го крсти по докторот кој ја породил. Во тој момент влезе и докторот кој беше возбуден, вели преведувачот Седат Шабан од Скопје.

Докторот за Дневник изјавил дека е почестен што детето ќе го носи неговото име. 

 
 
21.11.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега