Терористот го впери оружјето кон нив, но тоа се закочи: Ова се жените кои останаа живи (ВИДЕО)

Седнале да пијат кафе кога слушнале истрели и викотници. Овие две жени се можеби најсреќните жени на светот со оглед на тоа дека преживејаа во нападите во Париз, додека и гледаа на смртта во очи. 

Софија Белјали и Барбара Серпентини се криеле под маса додека терористите пукале во кафулето каде тие пиеле кафе, "La Casa Nostra pizzeria". Стоејќи над нив терористот го повлекол чкрапалото, но се заглавило, па Софија и Барбара успеале да избегаат и за секунда да се спасат од смртта.

- Не ни знаев што се случува, потоа сфатив колку блиску и погледнав на смртта во очи. Да знаев дека терористот е толку блиску веројатно ќе се вкочанев, вели Софија. Таа додава дека не знаела дека терористот се обидел да ги убие и дека му се заглавило оружјето, но сега е пресреќна поради тоа.

Видеото погледнете гоТУКА.

Во нападите беа убиени 129, а ранети 350 лица.

 
 
21.11.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега