Тешко болна актерката од хит серијата „Сексот и градот“

Британските медиуми пренесуваат дека актерката Ким Катрал (59) морала да се повлече од драмскиот проект во Лондон само неколку дена пред премиерата во представата „Линда".

- На голема жалост ве известувам дека, по совет од лекарот, нема да можам да настапам на овој проект. Благодарна сум на театарот за разбирањето за мојата тешка здравствена ситуација, соопшти актерката родена во Ливерпул. 

- На сите ни е жал што Ким нема да може да продолжи да биде дел од претставата, соопшти директорката на театарот „Ројал корт“, Вики Федерстон.

Се шпекулира дека се работи за сериозна болест.

 
 
21.11.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега